За денеска е најавена донаторска конференција на која, според најавите, треба да бидат обезбедени конкретни ресурси за помош на Украина. Претходно 27-те лидери на ЕУ одлучија да создадат Солидарен фонд за Украина како дел од донаторска кампања која досега донесе ветување од над девет милијарди евра кои владите, компаниите, но и индивидуалните донатори се подготвени да ги дадат за да се надмине хуманитарната криза предизвикана од рускиот напад врз Украина, кој започна на 24 февруари. Кампањата има за цел да го исполни апелот на претседателот на Украина Володимир Зеленски да собере што е можно повеќе пари за Украинците кои биле принудени да ги напуштат своите домови пред војната и да се засолнат во побезбедните области на Украина.
ЕУ вети засилена одбранбена поддршка за Молдавија
Европската комисија во почетокот на месецов најави дека ќе даде над милијарда евра помош за Украина, од кои дел ќе бидат дадени на земјите на границата на конфликтот кои примија милиони или стотици илјади украински воени бегалци. Најголем дел од новата помош на ЕУ, околу 600 милиони евра, е наменета за украинските власти и ОН за надминување на хуманитарната криза во земјата. Околу 400 милиони се наменети за земјите на границата меѓу Русија и Украина, кои беа преплавени од бранот бегалци, од кои повеќето Полска, која прими над 3 милиони Украинци.