Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека оваа недела ќе разговара со другите лидери од групата на седум напредни економии Г7 за потенцијалните дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.
„Во однос на дополнителните санкции, ние секогаш сме отворени за дополнителни санкции. Ќе разговарам со членовите на Г7 оваа недела за тоа што ќе правиме или не“, рече Бајден.
Членки на Г7 се Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави. Во меѓувреме и ЕУ најави нов шести пакет од санкции против Русија. Русија ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари.