Нови 135 случаи на ковид, нема починати лица

Илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 13 се реинфекции.

Оздравени се 85 пациенти и нема починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато на 2 мај во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.