Почина првиот претседател на независна Белорусија

Станислав Шушкевич

Првиот претседател на независна Белорусија по отцепувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич, почина денеска на 87-годишна возраст. Тој почина во болница од компликации предизвикани од ковид 19.

Шушкевич беше првиот претседател на независна Белорусија и еден од тројцата лидери кои потпишаа договор во декември 1991 година со кој се прогласи дека СССР престанува да постои. Шушкевич беше противник на актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

На 8 декември 1991 година, претседателите на Советска Русија, Белорусија и Украина, Борис Елцин, Станислав Шушкевич и Леонид Кравчук, потпишаа договор за распад на СССР, принудувајќи го нејзиниот последен лидер Михаил Горбачов да поднесе оставка, со што се стави крај на Советската ера.

Сепак, уште во 1994 година, Шускевич беше принуден да поднесе оставка од пратениците, откако тој, заедно со други високи функционери, беше обвинет за корупција во извештајот на тогашниот шеф на парламентарната антикорупциска комисија, Александар Лукашенко.

Неколку месеци подоцна, Лукашенко го победи Шушкевич и другите претседателски кандидати на избори.

Во интервју за Радио Слободна Европа во 2016 година, Шускевич рече дека тројцата лидери ја направиле вистинската работа, тврдејќи дека Советскиот Сојуз во суштина се распаднал по неуспешниот пуч против Горбачов во август 1991 година и дека Белавешкиот договор го избегнал „југословенското сценарио“, мислејќи на војните што ја пустошеа поранешната мултиетничка балканска земја во 90-тите.