Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина објави дека општите избори ќе се одржат во недела, на 2 октомври 2022 година.
Од шесте присутни членови на ЦИК на БиХ, пет гласаа за распишување на изборите, а еден член, Владо Рогиќ гласаше против.
„Не се усвоени измените на Изборниот закон на БиХ. Според истражувањето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), повеќе од 60 отсто од граѓаните сметаат дека е неопходно да се донесат промени, кои за жал не се случиле. Зошто не можам да ја поддржам оваа одлука. Според Уставот, БиХ функционира според законите, врз основа на слободни и демократски избори. Пресудата на Уставниот суд во случајот „Љубиќ“ ги укина одредбите од Изборниот закон и ги стави надвор од сила“, објасни Рогиќ зошто гласал против.
Одлуката ќе биде доставена до Претседателството, Парламентот и Советот на министри на БиХ, како и до собранијата на двата ентитета, Федерацијата БиХ и Република Српска.
Членот на ЦИК на БиХ, Вања Бјелица-Прутина ја поддржа одлуката за распишување избори.
„Изборниот закон на БиХ, кој не е противуставен и одредбата од законот која пропишува кога се распишуваат избори. Можам да изразам лично разочарување од фактот што со години наназад Парламентот на БиХ не го спроведуваше ни пресуда на Уставниот суд на БИХ , ниту на Судот за човекови права на БиХ“, рече Бјелица-Прутина.
Таа нагласи дека, според Изборниот закон на БиХ, средствата за изборите мора да се обезбедат до 19 мај.