Времето денеска: сончево со умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност и потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 14 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 23 степени.