Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со ковид 19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица.
Од 21 новозаболен од Скопје се 9, Битола 5, Кавадарци и Охрид по 2 и Штип, Кичево и Делчево по 1. Од 71 оздравен пациент од Битола се 21, Скопје 16, Кавадарци и Охрид по 7, Кичево 5, Прилеп и Берово по 4, Куманово 2 и Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на ковид 19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а на активни случаи изнесува 572.