Од денеска укинати епидемиолошките мерки за влез во Србија

затворен пункт за вакцинација против ковид-19 во Белград

Од денеска престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Србија, во врска со заразната болест ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани „Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението на српската влада.

Веќе не е потребен ковид сертификат за влез во Бугарија

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата се заснова врз моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста. Од почетокот на пандемијата во Србија тестирани се вкупно 9.491.908 лица, регистрирани се 2.006.695 случаи на зараза и 15.999 смртни случаи.