Ковачевски во Александруполи на почетокот на изградбата на гасниот терминал

илустрација

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија по повод започнувањето на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи. Како што соопшти владината прес-служба, на свечената церемонија обраќања ќе имаат и премиерите на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Рускиот гас може да секне, на алтернативи уште се чека

Грција ќе му плати на Газпром до крајот на мај и ќе ѝ помогне на Бугарија

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на владината седница во петокот ја истакна важноста на конкретниот терминал кој, како што рече, ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција туку и за регионот. „Новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во Александрупули е многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански полуостров“, рече Мицотакис. Проектот за гасовод во Александропули е од клучна важност за ЕУ во момент кога главна цел е независност од рускиот гас. „Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот“, изјавија од кабинетот на Мишел.