За три дена 210 нови случаи на ковид-19 и без починати

Во последните три дена (од 30.04 до 02.05.2022) се регистрирани 210 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 4620 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции. Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022),нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, нема пријавено починати лица.

Од новите случаи на заразени 85 се во Скопје, потоа следуваат Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починатие 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.