Соединетите Американски Држави очекуваат да ја вратат својата амбасада во Киев до крајот на мај, доколку условите дозволуваат.
„Ги слушаме професионалците за безбедност и кога ќе ни кажат дека можеме да се вратиме, ќе се вратиме“, рече вршителот на должност американски амбасадор, Кристина Квиен, на прес конференција во украинскиот град Лвив, на 2 мај.
Амбасадата на САД го напушти Киев речиси две недели пред Русија да ја започне својата неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари, преместувајќи некои од своите функции и дипломати во Лвив, а на крајот се пресели во соседна Полска.
Неколку западни земји веќе ги вратија своите амбасади во Киев, откако Русија се повлече од главниот град, бидејќи ги прераспореди војниците на исток и југ од Украина.