Седница на Советот на ЕУ за транспорт, телекомуникации и енергетика

Русија го запре извозот на гас за Полска и Бугарија поради нивното одбивање да му платат на Газпром во рубљи.

Министрите на ЕУ одговорни за енергетика се состануваат денеска во Брисел. Со состанокот ќе претседава Барбара Помпили, министерка за еколошка транзиција на Франција. Министрите ќе разговараа за енергетската ситуација во Европа по одлуката на Русија да го запре извозот на гас за Полска и Бугарија поради нивното одбивање да му платат на Газпром во рубљи. Европската комисија оцени дека одлуката на Москва е уцена и провокација од страна на Кремљ, а плаќањето во рубљи е спротивно на европските санкции.

Рускиот гас може да секне, на алтернативи уште се чека

Претседателката, Урсула фон дер Лајен рече дека Европа била подготвена за вакво сценарио идека веќе се работи на обезбедување алтернативни испораки. Русија е трет по големина производител на нафта во светот и втор најголем производител на природен гас. Во Европа покрива 25 отсто од нафтата и 30 до 40 насто од испораките на гас. Снабдувањето со гас за Европа е попроблематично поради природата на процесот на испорака - набавката од други производители би била многу поскапа и комплицирана.