Германскиот канцелар Шолц го нарече пацифизмот застарен

Германскиот канцелар Олаф Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина со пари, помош и оружје и рече дека пацифистичкиот пристап кон војната е застарен. Тој наведувајќи дека го почитува пацифизмот, но оти на граѓанинот на Украина мора да му изгледа цинично кога ќе му се каже да се брани од агресијата на Путин без оружје.

ЕУ предупредува на можна прехранбена криза поради војната во Украина

Германскиот лидер, исто така, предупреди дека војната ќе има последици за резервите на храна и дека тоа може да доведе до светска криза со глад. Зголемените цени на храната и прекините во снабдувањето од Русија и Украина ги загрозија земјите од Блискиот Исток, Африка и делови од Азија.