Нов напад на руски хакери врз платформите на социјалните мрежи

Руски хакери со голема кампања за дезинформации

Руски хакери започнале нов напад врз странски лидери, насочени кон платформите на социјалните медиуми со голема кампања за дезинформации, чија цел е да ја легитимизира инвазијата на Украина, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Платени оперативци кои работат од фабриката во Санкт Петербург ја користат апликацијата Телеграм за да регрутираат и координираат поддржувачи, кои потоа ги преплавуваат социјалните мрежи со коментари за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина. Лажни сметки - таканаречените „фабрики за тролови“ се пронајдени на осум платформи, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок. Цел на операцијата биле политичарите и јавноста во многу земји, вклучително и Британија, Јужна Африка и Индија.

Обвинение за 3 руски разузнавачи и програмер за хакирање во САД


Се верува дека кампањата има врска со Евгениј Пригожин, кој САД и Британија го санкционираа поради финансирање онлајн операции под влијание на Кремљ. „Не можеме да дозволиме Кремљ и неговите сомнителни фабрики за тролови да ги напаѓаат нашите онлајн простори со нивните лаги за илегалната војна на Путин“, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, наведувајќи дека бтитанската влада ги предупредила меѓународните партнери и дека ќе продолжи тесно да соработува со сојузниците и медиумските платформи за да ги поткопа руските информативни операции.