Наставниците одржаа протести во неколку ирански градови на Први мај што се совпадна со Денот на учителите во Иран. Пред протестите, Координативниот совет на иранските синдикати на наставници соопшти дека властите уапсиле најмалку четворица синдикални активисти во Техеран на 30 април. Тројца други активисти, наводно, биле уапсени во западниот град Мариван, додека голем број, наводно, биле повикани во други градови.
На 1 мај се одржаа собири во повеќе од десетина градови, каде што наставниците бараа подобри работни услови и ослободување на нивните затворени колеги.
Иранската гарда презеде одговорност за нападот врз ирачкиот град Ирбил
Во јужното пристаниште Бушер, медиумските извештаите покажуваат дека полицијата наводно употребила сила против демонстрантите и уапсила најмалку 6 наставници кои се приклучиле на протестите.
Наставниците во изминатите месеци во неколку наврати излегоа на улица за да протестираат за нивните услови и да бараат повисоки плати. Тие, исто така, ја повикаа владата да го забрза спроведувањето на реформите со кои нивните плати подобро ќе го одразуваат нивното искуство и перформанси.
Хјуман рајтс воч соопшти дека иранските работници се соочуваат со се поголеми економски и политички предизвици за остварување на нивните работнички права.