Римокатоличкиот папа Франциск ја осуди руската инвазија на Украина опишувајќи ја како „страшна регресија врз човештвото“. За време на неговиот пладневна молитва на плоштадот Свети Петар,Папата Франциск изјави дека војната го тера да „страда и плаче“ и повика на хуманитарни коридори за да се олесни евакуацијата на цивилите заробени во челичарницата Азовстал во Мариупол.
Иако не ја критикуваше директно и конкретно Русија, Френсиск рече дека пристанишниот град на украинското Азовско Море бил „варварски бомбардиран и уништен“.
Папата Франциск повика на мир, патријархот Вартоломеј побара отворање хуманитарни коридори
Френсиск неколкупати досега јавно ги коментираше настаните поврзани со руската инвазија врз Украина која стартуваше на 24 февруари.
„Оружјето нека молчи, за оние кои имаат моќ да ја запрат војната да го слушнат крикот за мир што доаѓа од целото човештво“, изјави тој во молитвената миса.
Руската воена инвазија на Украина влезе во третиот месец, а во неа има илјадници загинати и повредени, како и милиони раселени лица, во земјата и надвор од неа.