Десетици демонстранти беа приведени од полицијата во Истанбул, Турција, за време на првомајските протести против зголемената инфлација.
Домашните телевизиски преноси на 1 мај покажаа како полицијата се судира со демонстрантите на плоштадот Таксим и ги товари приведените со лисици во полициските комбиња.
Новинската агенција „Демирорен“ објави дека 30 лица биле приведени и во округот Бешикташ во Истанбул и 22 во округот Шишли.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека вкупно 164 лица биле приведени на „нелегални демонстрации“.
Поттикната од војната на Русија во Украина и зголемувањето на глобалните цени на суровините, годишната стапка на инфлација во Турција за април се качи на 68 отсто, објави Ројтерс, што е повеќе од 61 отсто во март.
Шефот на Конфедерацијата на турските работнички синдикати, Ергун Аталај, им рече на демонстрантите на плоштадот Таксим дека минималните плати треба да се приспособуваат на месечно ниво, при што во предвид ќе се земат растечките цени во земјата.