Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1 : 3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Владини реклами некогаш беа медиумска корупција, а сега кампања од јавен интерес
Тој во своето обраќање истакнува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.
„Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува.
Честит Први Мај!“, порачаа Беловски и новинарскиот синдикат.
Петковска - Катастрофалната состојба во медумите нема да се реши со враќањето на владините реклами
Според Беловски само сплотени и солидаризирани во борбата, новинарите и медиумските работници може да се изборат за своите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо.