Три нови тела на мажи се пронајдени во Буча, врзани и со неколку прострелни рани. Полицијата утврдила дека овие мажи биле мачени. Властите во Киев велат дека над илјада тела се откриени во или околу Буча, град северозападно од Киев, а многу од нив покажуваат знаци на тортура. Тие беа пронајдени откако руските трупи се повлекоа претходно овој месец.
Очигледните докази за злосторствата поттикнаа повици од неколку земји, како и од ОН и од Меѓународниот кривичен суд (МКС), за истраги за да се утврди дали биле извршени воени злосторства.
Надежите за мир слабеат, руската офанзива се засилува на истокот на Украина
Во видеото објавено на Јутјуб на 30 мај, началникот на регионалната полиција во Киев, Андриј Небитов изјави дека раните од куршуми во екстремитетите на мажите покажуваат дека биле мачени.
„И на крајот по мачењето, секој од мажите беше застрелан во увото“, изјави Небитов.
Видеото содржеше слики кои наводно го прикажуваат гробот и крвавите тела, со заматени лица. Небитов вели дека мажите биле пронајдени во плитки гробници во шумата во близина на селото Миротске, блиску до руските воени позиции, со врзани очи и со врзани раце. Облеката на мажите покажа дека се цивили, вели тој, додавајќи дека нивниот идентитет не е познат бидејќи нивните лица биле изобличени од тортура.
Русија во текот на ноќта погодила 389 цели во Украина
Небитов истакна дека форензичките лаборатории досега испитале вкупно 1.202 тела на цивили за кои се верува дека биле убиени од руските окупатори во регионот на Киев.
И покрај огромните докази за спротивното, Русија негираше дека целела кон цивили откако ја започна својата неиспровоцирана војна во Украина на 24 февруари.