Украина ја обвинува Русија дека краде жито

Русија украла стотици илјади тони жито од украинските територии кои се под нејзина окупација, изјави денеска украинскиот заменик министер за земјоделство Тарас Вицоски. Тој во изјава за украинската национална телевизија посочи дека стравува оти Русија би можела да украде 1,5 милиони тони жито од подрачјата кои се под нејзина контрола.

Русија досега не ги коментираше ваквите обвинувања.

Војната во Украина - светот во криза со храна

Руските напади и блокирањето на украинските пристаништа негативно влијаеше врз производството на жито, што предивика меѓународна загриженост за растот на цената на храната. Тој во обраќањето ги уверува Украинците дека нема да има недостаток на храна.

За прв пат, по нападот на Русија врз Украина на 24 февруари, брод натоварен со 71 илјади тони украинска пченка замина од романското пристаниште Констанца на 28 април. На ова пристаниште се обавува извозот на украинска стока, што претставува гест на солидарност на Романија додека руската морнарица продолжува со блокада на Одеса.

Војната удри и врз македонските земјоделци и транспортери

Житото е најчуствително прашање во Украина каде што многу семејства имаат сеќавања од 1930 година кога во земјата завладеа глад по советската депортацијата на украинските богати земјоделци и заплена на нивните поседи.