Спомен кулата во чест на борците на „ОНА“ што се гради во липковското село Слупчане на 2 мај ќе биде свечено откриена, напиша на својот официјален профил на Фејсбук градоначалникот на општина Липково од ДУИ Еркан Арифи. Тој објави видео на кој се гледа кулата висока 20 метри. Дел од медиумите јавуваат дека за него од општинскиот буџет се потрошени 200 илјади евра.
„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, напиша Арифи.
Одлуки за изградбата на спомен обележја според Законот за меморијални споменици и спомен обележја носи Собранието или единиците за локална самоуправа.