Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи кон западните сакнции против Москва.
Тој на новинарски прашања одговори дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.
Дали Русија навистина отсекогаш била со Србија?
„Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај.
„Се што можам да ви кажам е дека Србија ги донесе своите заклучоци во Советот за национална безбедност. Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции“, истакна Вучиќ.
Европскиот парламент со Резолуција ќе побара од Србија да воведе санкции кон Русија
Тој за информациите дека на фронтот во Украина се пронајдени српски мини изјави дека Белград извезува оружје во неколку земји.
„ Ги испорачавме во Полска. Од испораката на мини живеат неколку фабрики. Каде да го извезуваме оружјето и експлозивите? Тоа не е производство на балетски чевли, тоа е оружје. Не разбирам, што сакате од нас? Дали не обвинувате за тоа што ние сме единствената земја што нема да дава оружје на ниту една страна“,вели Вучиќ.
Тој порача дека на 6 мај повеќе ќе зборува за изјавата на Путин, кој го спореди признавањето на Косово со Доњецк и Луганск околу пресудатата на Меѓународниоот суд на правдатата.