Финскиот претседател Саули Нинисто планира да го претстави својот став за можното членство на неговата земја во НАТО најдоцна до 12 мај. Тој денеска изјави дека својот став ќе го презентира пред финските пратеници. Две дена подоцна и Социјалдемократската партија на премиерката Сана Марин има намера да го претстави својот став.
Одлуката за можната апликација за членство во НАТО потоа ќе ја донесат заеднички претседателот и владата.
Шведска и Финска најавија зголемена безбедносна соработка
И Нинисто и Марин сè уште не ги открија своите ставови во врска со дебатата за НАТО, разгорена од војната во Украина.
Финска и Шведска размислуваат да се приклучат кон воената алијанса по неиспровоцираната руска инвазија врз Украина.
Столтенберг: Финска и Шведска би можеле брзо да се приклучат на НАТО
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто во петокот по состанокот со неговата шведска колешка Ен Линде во Хелсинки рече дека е многу важно дека двете земји носат одлуки „во иста насока и во иста временска рамка“.