Белоруската опозициска лидерка во Вашингтон во потрага по поддршка за демократското движење во Белорусија

Белоруската опозициска лидерка Свјетлана Циханускаја вели дека Соединетите Држави барат начин на зголемување на технолошката помош за новинарите и активистите кои работат во Белорусија. Таа ова го изјави по по средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен и други високи американски претставници и пратеници во Вашингтон.

„Ме уверија во нивната целосна поддршка за белоруското демократско движење“, изјави таа за новинарите во Стејт департментот.

„Разговаравме и за обезбедување опрема и технологија на белоруските новинари и активисти“, додаде таа.

На состанокот се разговарало и за начините за заобиколување на дезинформациите објавени од режимот на моќниот човек Александар Лукашенко. Заменик-државниот секретар Венди Шерман се сретна со Циханускаја на 28 април, а Блинкен и се придружи на групата за дел од состанокот, се вели во соопштението на американскиот портпарол Нед Прајс.

Лукашенко со уставни измени си обезбедува имунитет

„Тие разговараа за континуираната поддршка на режимот на Лукашенко за неиспровоцираната војна на Русија против Украина и напорите на САД да го повикаат режимот одговорен за неговото соучесништво, како и за неговото одржливо потиснување на човековите права и демократските слободи“, се вели во соопштението на Прајс.

Тие заедно повикаа на прекин на „континуираното задушување на демократските гласови против режимот на Лукашенко и за безусловно ослободување на сите политички затвореници во Белорусија и ја истакнаа трајната поддршка на Соединетите држави за демократските аспирации на белорускиот народ, се вели во соопштението.

Лукашенко чија поддршка од Москва порасна на почетокот на репресијата на несогласувањето по изборите во 2020 година, е еден од главните меѓународни поддржувачи на инвазијата на претседателот Владимир Путин на Украина.

Белорускиот врховен суд ги прогласи каналите на Телеграм за терористичка организација

Западните власти веруваат дека Циханускаја е вистинскиот победник на изборите во 2020 година. Таа на 29 април се сретна со координаторот за санкции на Стејт департментот, Џим О'Брајан,со цел да разговараат за тоа како да се најдат и замрзнат средствата на Лукашенко во странство, да се направат санкциите поефикасни, да се затворат дупките и да се блокираат парите што му ги дава Меѓународниот монетарен фонд.

„Меѓународните резерви на Народната банка мора да бидат замрзнати додека не се одржат слободни и фер претседателски избори во Белорусија“, напиша таа на Твитер по состанокот.

Циханускаја рече дека споделила докази за поддршката на Лукашенко за војната во Украина, како и список на компании и земји кои помогнале да се заобиколат западните санкции против режимот.

Циханускаја живее во егзил во Литванија, а претходно го посети Вашингтон за комеморацијата на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, која почина на 23 март.