Опозициската ВМРО- ДПМНЕ обвинува дека Владата го крши законот за мирно решавање спорови и го стават Синидкатот за образование во подредена положба и со тоа ги деградира и понижува наставниците. До оваа реакција дојде откако СОНК објави дека од министерството за труд и социјална политика добиле известивање за мирно решавање на спорот со Владата со што треба да се прекине штрајкот.
Во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ е наведено дека медијаторот во спорот е вработен во кабинетот на министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
„Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегантите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. Ова е измама и власта со неа ги понижува наставниците“ е наведено во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во него е наведено дека власта лаже за ветеното покачување, и дека вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК.
„ Се друго е притискање на наставаниците да ги прифатат условите на Владата за да на истата и останат повеќе пари за матни тендери“, се вели во соопштението.
Неделков – Протестот на дел од членството се обид за ослабнување на СОНК
СОНК вчера информира дека веќе е закажана првата средба со медијаторот кој вчера беше назначен од страна на Министерството за труд и социјална политика. Штрајкот започна на 11 април. Барањата на СОНК се зголемување на платите за 18,5 отсто односно нивно усогласување со минималната плата која од март се зголеми на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Владата им понуди 12 отсто повисоки плати.