Во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни, 13 се реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70–годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553.