Вкупно 1.924 загинати и исчезнати се пријавени на рутите од Северна Африка преку Медитеранот, а 1.153 меѓу бреговите на Западна Африка и Канарските острови, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Тоа е двојно повеќе загинати и исчезнати од минатата година, изјави во петокот во Женева портпаролката на УНХЦР.
„Досега оваа година, 478 луѓе загинаа на мигрантските рути. Огромен број луѓе загинаа бегајќи од своите земји кон бреговите на Средоземното Море и Атлантикот“, рече портпаролката.
Таму, додаде таа, тие се изложени на ризици од експлоатација, злоупотреба, поробување и други сериозни прекршувања на човековите права.
Над 16 илјади исчезнати лица во војната во Украина
„УНХЦР предупредува дека постојаната политичка нестабилност и конфликти, влошените социо-економски услови и влијанието на климатските промени може да го зголемат раселувањето и движењата низ опасните рути“, се вели во соопштението.
Организацијата побара донации од 163,5 милиони долари за да ги заштити бегалците и другите мигранти долж бегалските рути од експлоатација и трговија со луѓе.