Кремљ: Нема одлука дали Путин лично ќе присуствува на состанокот на Г20

Рускиот претседател Владимир Путин

Русија се подготвува за овогодинешниот самит на Г-20 во Индонезија, но сè уште не е донесена одлука дали претседателот Владимир Путин ќе присуствува лично или виртуелно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Индонезија во моментов претседава со Групата 20 големи економии. Таа ги покани и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски на лидерски самит во ноември, и покрај притисокот од некои западни земји да го исклучат рускиот претседател.

Русија за започна офанзивата врз Украина на 24 февруари.