Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги изрази загриженост за ставот на Министерството за правда дека колективниот договор е незаконски. Оттаму посочуваат дека штрајкот кој започна на 27 април е последица на проблемите на вработените. Според синдикатот, 70 проценти од вработените во Управата за водење на матичните книги земаат плата под минималната.
„Министерството за правда, одговорните лица од Управата за водење на матичните книги, преставници од синдакот и од редот на вработените се вклучени во сите работни состаноци кои Синдикатот ги одржа во врска со потпишувањето на колективниот договор. Ние можеме да се бориме само во рамки на Законот. Овие работни состаноци траат со години и не се предложени никакви конкретни чекори во врска со колективниот договор, за да се пристапи кон потпишување на истиот согласно позитивните законски процедури. Штрајкот е последица токму на предолгото туркање под маса на проблемите на вработените“, велат од Синдикатот.
Независниот синдикат на Управата за матични книги бара да се донесе колективен договор на ниво на работодавач, линерано да се покачат платите и да се унапредат работните позиции.
- Министерството за правда запознаено со барањата на синдикатот на Управата за водење на матични книги
Министерството за правда по започнувањето на штрајкот соопшти дека е запознато со барањата на синдикатот и дека одредбите во предложениот текст на Колективниот договор излегуваат од рамките на Законот за административни службеници.