Приходите од рускиот извоз на енергија ја поттикнуваат војната, покажуваат новите истражувања

Илустративна фотографија

Русија продолжува да има корист од енергетската зависност на Европа од руската нафта и покрај намалувањето на продажбата поради санкциите воведени за таа да се притисне да ја прекине војната против Украина, сметаат експертите на истражувачка организација со седиште во Финска.

Новото истражување на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) објавено денеска, покажува дека Русија речиси ги удвоила своите приходи од продажбата на фосилни горива во ЕУ за време на двомесечната војна во Украина.

Растечките цени ја компензираа загубата во обемот на продажба поради санкциите, покажува истражувањето.

Истражувачите исто така велат дека новите санкции може само да ги зголемат цените, поништувајќи ги напорите да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да користи енергија за притисок врз ЕУ и за финансирање на војната против Украина.

Од почетокот на војната, Русија и продала на Европската унија енергетски ресурси во вредност од 46 милијарди евра, а бројката продолжува да расте. Ова е околу двојно повеќе од износот на продажбата во истиот период во 2021 година, посочуваат истражувачите.

И покрај тоа што имаше пад на обемот на продажба, зголемувањето на цената на нафтата и донесе на Москва околу 63 милијарди евра од енеренсите извезени на бродови и преку цевководи по почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Според CREA, обемот на руската нафта увезена од ЕУ падна за 20 отсто, а јагленот за 40 отсто. Сепак, увозот на гас порасна, а Германија останува главен купувач. Во текот на двата месеци од војната увезе енергетски производи во вредност од 9 милијарди евра.

Лаури Миливирта, главен аналитичар во CREA, рече дека континуираниот извоз на енергија „е голема дупка во санкциите“ и дека сите земји што купуваат гориво од Русија „стануваат соучесници во монструозните прекршувања на меѓународното право извршени од руската војска“.

Единствениот начин да се запре војната би било брзо и целосно отфрлање на руските енергетски превозници, смета таа.

Европскиот парламент во март усвои резолуција со која се бара ембарго на руската енергија, но досега Европската унија само разговараше за ова ембарго.

Истражувањето CREA беше објавено бидејќи рускиот енергетски гигант Гаспром објави зголемен нето профит за минатата година, наведувајќи ги високите цени на енергијата како главна причина за зголемувањето.