Тимот на МААЕ влезе во Чернобил, нивото на радијација е безбедно

Поглед на неактивната нуклеарна централа Чернобил

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека нивото на радијација во Чернобил е благо зголемено, но не претставува голема опасност за животната средина и луѓето.

Ова го изјави генералниот директор на агенцијатa директор Рафаел Гроси, чиј тим денеска доби дозвола да ја посети за прв пат по руската окупација на областа Чернобил во Украина.

Гроси изјави дека неговиот тим го следи нивото на радијација на локацијата откако руските сили ископале дел од областа. Зоната Чернобил беше окупирана од Русите уште на самиот почетокот на инвазијата на Украина.

Претходно Гроси соопшти дека ситуацијата во втората украинска нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од руските сили, е „неодржлива“ за да види колку е опасна. Руските сили ја окупираа и оваа област, вклучително и самата нуклеарна централа Запорожје која важи за најголема во Европа.

Гроси предупреди дека МААЕ постојано се обидувала да добие пристап до нуклеарните централи, но безуспешно.

„Ситуацијата е таква каква што ја опишав. Ова не е одржливо. Ова е црвено светло што трепка“, рече Гроси.

Украина стравува од големо „уништување“ на истокот на земјата


Гроси додаде дека продолжува да врши притисок врз руските власти да им дозволат на инспекторите да ја посетат нуклеарната централа во Запорожје, велејќи дека „наскоро“, очекува средба со руските претставници.

Притоа посочи дека неделава за ситуацијата во Запорожје разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски кој му рекол дека Украина не сака инспекторите на МААЕ да ја посетуваат нуклеарната централа додека таа е под контрола на „трета страна“.