Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата е подготвена да ја поддржи Украина во војната против Русија, дури и ако конфликтот се протега со години.
„Треба да бидеме подготвени на долг рок. Апсолутно постои можност оваа војна да се одолговлекува и да трае со месеци и години“, рече Столтенберг на младинскиот самит во Брисел, додавајќи дека алијансата ќе му помогне на Киев да го надгради своето оружје со модерна западна воена опрема.
Соединетите држави, најголемата членка на НАТО, веќе и обезбедија на Украина оружје во вредност од 3 милијарди долари од стартот на руската неиспровоцирана инвазија.
Американскиот претседателот Џо Бајден треба официјално да побара од Конгресот милијарди долари дополнителни средства наменети за снабдување на војската на Украина и зајакнување на нејзината економија.