Финска и Шведска ќе можат брзо да се приклучат на НАТО доколку донесат одлука да побараат членство, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Доколку решат да аплицираат, Финска и Шведска ќе бидат срдечно добредојдени и очекувам процесот да оди брзо“, изјави Столтенберг додавајќи дека планира да разговара со финскиот претседател подоцна во текот на денот.
Тој рече дека е сигурен дека може да се најдат аранжмани за привремениот период помеѓу апликацијата од двете скандинавски земји и формалната ратификација во парламентите на сите 30 земји- членки на НАТО.
„Уверен сум дека постојат начини да се премости тој привремен период на начин кој е доволно добар и кој ќе им одговара на Финска и за Шведска“, рече Столтенберг.
Финските пратеници отворија дебата за влез на земјата во НАТО
Русија, со која Финска дели 1.300 километри граница, соопшти дека ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината балтичка енклава Калининград доколку Финска и Шведска одлучат да се приклучат на НАТО.