Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека прашањето за безбедносните нивоа на украинската нуклеарна централа Запорожје се на „црвено светло“ и побара пристап од Русија под чија опсадата е нуклеарката. Во интервју за АП Гроси рече дека МААЕ бара пристап до централата Запорожје во јужна Украина за да можат инспекторите, меѓу другото, повторно да воспостават врски со агенцијата со седиште во Виена.
ОН бараат посета на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина
Тој додаде дека за тоа им е потребна помош на Русија и на Украина. Гроси посочи и дека централата има потреба од поправки и дека моменталната состојба е неодржлива. „Значи, ова е горлив проблем. Ова е црвено светло“, посочи тој. Завчера Гроси за тоа разговарал со претседателот на Украина Володимир Зеленски.