Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека веќе се донесени одлуки оти Русија ќе одговори брзо доколку некој сака да интервенира во ситуацијата во Украина и да создаде стратешка закана за Русија. „Доколку некој интервенира во ситуацијата во Украина и создаде закана од стратешка природа, ударот ќе биде молскавичен“, предупреди Путин, нагласувајќи дека Москва за таа цел ќе користи средства што нејзините противници ги немаат.
Путин му рекол на Гутереш дека сè уште верува во преговорите со Украина
„Одговорот на Русија ќе биде моментален и ќе ве одведе до последици какви што досега не сте доживеале во вашата историја. Подготвени сме за каков било развој на настаните“, рече рускиот претседател, додавајќи дека Русија ги има сите средства за тоа, „такви што сега никој друг не може да се пофали со нив“ и „ќе ги искористиме ако треба“, предупреди Путин. Рускиот лидер, како што рече, пропаднале плановите на руските противници да ја уништат неговата земја со санкции.