Надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Северна Македонија е легитимен бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот, истакна известувачот за Северна Македонија од Европскиот Парламент и европратеникот Илхан Ќучук за време на деветтата годишна конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед“ на тема „Односите меѓу Бугарија и Северена Македонија – Како отсега па натаму“.
Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Северна Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија.
Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, пак, изјави дека рамковната позицијата прифатена од властите на Софија е нефункционален документ со многу содржини и за внатрешна употреба.
Истовремено, тој коментира дека договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година создал стабилен амбиент, дека ги обновува односите меѓу Софија и Скопје, но во споредба со договорот меѓу Скопје и Атина, тој со Софија е неплоден.