Украина вели дека Русија бара начин да ја дестабилизира соседна Молдавија, притоа да го префрли фокусот на војната на југоисток.
Помошникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, ја обвини Москва дека сака да го искористи отцепениот молдавски регион Придњестровје, кој е е поддржан од Русија, за да ја дестабилизира Молдавија.
Вршителот на должноста командант на Централниот воен округ на Русија, Рустам Минекаев, минатата недела изјави дека руските говорници во Придњестровје, контролирани од сепаратистите поддржани од Москва од независноста од Молдавија во 1990 година, биле „угнетени“.
Слични обвинувањаМосква употреби за да ја оправда и инвазијата врз Украина.
Самопрогласеното Министерство за внатрешни работи на Приднестровје, денеска соопшти дека биле регистрирани истрели во селото каде што се наоѓа големо руско складиште за муниција, откако беспилотните летала полетале од Украина.
„Ако Украина падне, руските војници утре ќе бидат пред портите на Кишињев“, рече Подољак, мислејќи на главниот град на Молдавија, откако сепаратистичките власти во Придњестровје ги нарекоа експлозиите „терористички напади“.