Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески денеска изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека се уште не добиле понуда за средба. Генералниот штрајк беше најавен вчера и започна денеска околу 8 часот.
„Сите подрачни единици се во штрајк, може да има некои исклучоци, мислам дека Куманово, некои од волонтерите работат, но сигурно под притисок од управата, значи 90 проценти од Управата е во штрајк“, појасни Милошески.
Тој додаде дека засега луѓето кои доаѓаат имаат разбирање за штрајкот.
„Знаат луѓето дека штрајкуваме, не се бунат, а им треба да завршаат работа, има некои луѓе што треба да патуваат, но не можат да излезат од од државата без документите кои ние треба да им ги дадеме“, потенцира Милошески.
Штрајкот, според него, ќе трае се додека не се одговори на нивните барања. Синдикатот бара да се донесе колективен договор на ниво на работодавач, линерано да се покачат платите и да се унапредат работните позиции.