Украина има контрола врз нејзиниот воздушен простор, тврди Британија

Напад врз фабриката Азовстал во Мариупол

Украина ја задржа контролата над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор, бидејќи Русија не успеа да ја неутрализира противвоздушната одбрана на земјата, соопшти британското разузнавање.

„Русија има многу ограничен воздушен пристап до северот и западот на Украина, ограничувајќи ги офанзивните дејства на интензивни напади со ракети и бомби. Руската воздушна активност е првенствено фокусирана на јужна и источна Украина, обезбедувајќи поддршка за руските копнени сили“, објави британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен на Твитер додавајќи дека Москва продолжува да ги таргетира украинските воени средства и логистичката инфраструктура на национално ниво.

Во соопштението е наведен и високиот ризик од цивилни жртви, велејќи дека повеќето руски воздушни напади во опколениот украински пристанишен град Мариупол веројатно користеле бомби со слободен пад.

„Ова оружје ја намалува способноста на Русија ефективно да дискриминира при изведување напади, зголемувајќи го ризикот од цивилни жртви“, се додава во соопштението.