Газпром ја прекинува испораката на природен гас за Бугарија и Полска

Бугарските власти во март објавија дека немаат намера да го плаќаат рускиот гас во рубли

Руската државна енергетска компанија Газпром најави дека од денеска го прекинува снабдувањето со гас за Бугарија, објави вчера Министерството за енергетика на земјата. Соопштено е дека за ова рускиот енергетски гигант го известил Булгаргаз, бугарската државна компанија која се занимава со снабдување со гас. „Испораките на руски гас за Бугарија засега продолжуваат да течат“, изјави изјави за Ројтерс Владимир Малинов, извршен директор на бугарскиот оператор. Министерството вели дека веќе презело чекори со државните гасни компании за изнаоѓање алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас. Беше речено дека во моментов нема ограничувања за потрошувачката на гас во оваа балканска земја, која преку Газпром задоволува повеќе од 90 насто од потребите за гас. Бугарските власти во март објавија дека немаат намера да го плаќаат рускиот гас во рубли, како што побара рускиот претседател Владимир Путин од сите добавувачи на ЕУ со овој енергенс.

Путин ги обвини западните банки дека не го платиле рускиот гас во рубљи

Рускиот гас од денеска престанува да пристигнува и во Полска, откако „Газпром“ ја извести полската ПГНиГ дека од 27 април, ќе ја прекине испораката на таа земја преку гасоводот „Јамал“. Министерката за клима, Ана Москва, изјави дека нема потреба од повлекување на природниот гас од резервите, и дека енергетските залихи на земјава се доволни, а снабдувањето на корисниците нема да биде прекинато. Русија е трет по големина производител на нафта во светот и втор најголем производител на природен гас. Во Европа покрива 25 отсто од нафтата и 30 до 40 отсто од испораките на гас. Снабдувањето со гас за Европа е попроблематично поради природата на процесот на испорака - набавката од други производители би била многу поскапа и комплицирана.