Управата за матични книги од денеска стапува во генерален штрајк, преку кој ќе побара да се донесе колективен договор на ниво на работодавач, линерано да се покачат платите и да се унапредат работните позиции, најавија вчера од Независниот синдикат на Управата за матични книги. Според претседателот на овиој синдикат Тони Милошески, оваа одлука следи откако, како што рече, им било ставено до знаење дека нема да бидат прифатени нивните барања.
Сто дена влада - затвори една дупка, отвори друга
„Вработените се соочуваат со одредени специфични работи кои треба дополнително да се уредат со колективниот договор. Носењето на овој договор е повеќе од потребен како и на вработените така и на самата Управа, бидејќи ќе се подобрат правата на вработените, а Управата ќе добие работници помотивирани за извршување на своите работни задачи“, рече Милошески. Од Синдикатот изразија надеж дека заедно со Владата и Министерството ќе изнајдат заедничко решение во најкраток можен рок.