Европскиот суд на правдата донесе одлука со која би можело да ги принуди земјите редовно да објасниуваат зошто вршат проверки на личните документи на граѓаните кои треба слободно да се движат во Шенген зоната. Во Шенген зоната има 26 земји - 22 земји од Европската унија, заедно со Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Вообичаено, граѓаните и стоката се движат слободно во таа зона без гранични проверки. Дозволени се привремени контроли од безбедносни или здравствени причини. Најмалку седум земји во моментов имаат одредени ограничувања, главно од безбедносни причини или за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот. Ограничувањата треба да траат само шест месеци, но некои земји, особено Австрија, Франција и Данска, со години рутински ги обновуваат.
Петков за Шенген: Во ЕУ не ни веруваат затоа што сме ги лажеле низ годините
Европскиот суд на правдата одлучи дека земјите мора да правдаат зошто одржуваат мерки за проверка на личните документи и тоа треба да го сторат само „во случај на сериозна нова закана“. Според шенгенските прописи, граничните контроли можат да траат до шест месеци. Во Шенген зоната живеат околу 420 милиони луѓе. Речиси 1,7 милиони луѓе живеат во една Шенген земја, а работат во друга, додека околу 3,5 милиони луѓе во Европа секојдневно ги минуваат поранешните постојани гранични премини. Слободното движење е столб на европската интеграција. Ова им помага на компаниите да растат, а многу официјални лица се загрижени дека иднината на Шенген зоната е загрозена бидејќи некои земји рутински користат изговори, вклучително и епидемијата на коронавирус или движењето на мигрантите. Европската комисија процени дека ограничувањата и затворањето на границите може да доведат до дополнителни трошоци од пет до 18 милијарди евра годишно.