ЕУ надвор од вонредната фаза за пандемијата на ковид-19

Работници во заштитни одела се подготвуваат да дезинфицираат станбен комплекс во областа Хуангпу, по избувнувањето на коронавирус во Шангај, Кина на 20 април 2022 година.

Европската комисија треба да соопшти дека ЕУ влезе во нова пост-итна фаза на пандемијата во која тестирањето треба да биде насочено, а следењето на случаите на ковид-19 да биде слично на надзорот на грип базиран врз примерок. Ова се наведува во нацрт документот подготвен од комесарката за здравство, Стела Киријакидес, а кој треба да биде усвоен денеска од Европската комисија. Промената доаѓа во време на постепен пад на случаите и падот на бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19, благодарение на ширењето на помалку заразната варијанта омикрон и имунизацијата на над 70 насто од популацијата на ЕУ, со половина од населението имајќи примено и засилување. „Оваа комуникација дава пристап за управување со пандемијата во наредните месеци, преминувајќи од итен случај кон поодржлив режим“, се вели во нацрт-документот на ЕУ.

Нови 21 случај на ковид, починато едно лице

Светската здравствена организација (СЗО) е задолжена за прогласување на пандемија и нејзин крај, потег што има огромни правни импликации за голем број сектори, вклучувајќи ги и производителите на вакцини. Агенцијата на ОН соопшти дека пандемијата не е завршена. Документот на ЕУ е необврзувачки и доаѓа со јасни предупредувања дека „ковид-19 е тука да остане“, најверојатно со можна појава на нови варијанти, и затоа „будноста и подготвеноста остануваат од суштинско значење“. Нацрт-документот, предупредува дека се можни нови бранови и им препорачува на владите на ЕУ да бидат подготвени да се вратат на итни мерки доколку е потребно.