Делегацијата на владејачката коалиција во Бугарија денеска ќе отпатува за Киев. Премиерот Кирил Петков деновиве најави дека делегацијата предводена од него ќе ги предаде шлемовите и елеците кои се помош од Бугарија. Според Петков, на таков начин владејачката коалиција во Бугарија ќе ја покаже поддршка за Украина. Но, според последните информации, во делегацијата нема да има претставници од Бугарската социјалистичка партија. Петков повтори дека би бил среќен Бугарија да и пружи воена помош на Украина, но како премиер неговата цел е да се погрижи владејачката коалиција да излезе со заеднички став.
Ќе се распадне ли бугарската владејачка коалиција?
Бугарската делегација ќе отпатува за Полска, од каде што ќе продолжи за Украина. Иницијативата за посета на Киев, која доаѓа по притисокот од јавноста, ја најави бугарскиот премиер по посетата на Софија на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Петков пред два дена почна со кампања „Една плата за Украина“ и побара од Бугарите да донираат средства додека да се договорот коалициските партнери во владата околу испраќањето воена помош за Украина. Бугарската влада е една од ретките во ЕУ што досега не испратила воена помош за Украина да се брани од руската агресија, а Бугарската социјалистичка партија се закани дека ќе ја урне владата ако тоа се случи.