Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Москва му рекол на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека сè уште верува во позитивен исход од преговорите со Украина, и покрај континуираните борби меѓу двете земји. „И покрај сè, преговорите продолжуваат. Се надевам дека ќе постигнеме позитивен резултат“, рече Путин на средбата со Гутереш во Кремљ.
Путин додаде дека руската армија „немала никаква врска“ со „провокациите во Буча“, односно со откривањето на телата на цивилите по повлекувањето на руските сили од тој дел на Украина. Гутереш го повтори својот повик до ОН и Русија да соработуваат за да воспостават хуманитарни коридори и да обезбедат помош за цивилите во Украина.
Гутереш-Потребни се независни истраги за извештаите за воените злосторства во Украина
ОН соопштија дека Путин „во принцип“ го прифатил учеството на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивилите заробени во индустриската локација Азовстал, во украинското пристаниште Мариупол, опкружена од руски сили. Тие додадоа дека разговорите за тоа прашање ќе ги продолжат Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања и руското Министерство за одбрана. Гутереш по престојот во Москва треба да го посети и Киев.