Желби...
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со Македонија. Петков рекол дека желба за прифатливо решение во преговорите со Скопје.
АЛБАНИЈА - Албанските власти одлучија да ги укинат сите преостанати ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирусот во пресрет на летната сезона. Надлежните денеска соопштија дека мерките ќе бидат укинати на 1 мај.
УКРАИНА - Повеќе од 16.000 луѓе во Украина се сметаат за исчезнати по руската инвазија, изјави Људмила Денисова, комесар за човекови права на украинскиот парламент.
САД / УКРАИНА - Американскиот државен секретар Антони Блинкен денска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не покажал сериозност во врска со дипломатијата за да се стави крај на војната и покрај низата меѓународни напори.
МАКЕДОНИЈА - Советот на Синдикатот за образование донесе одлука за продолжување на штрајкот во основното и средното образование, додека штрајкот во детските градинки ќе биде ставен во мирување.
МАКЕДОНИЈА / АЛБАНИЈА / СРБИЈА - Следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи во првата половина од јуни во Охрид. Ова денеска го соопшти премиерот Димитар Ковачевски по неговиот денешен онлајн состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама.
РУСИЈА - Платформата Мета која е сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и апликацијата Тик Ток ќе треба да платат парични казни на судот во Москва поради тоа што не избришале содржини поврзани со ЛГБТ заедницата, а кои што руската влада ги смета за нелегални.
ТУРЦИЈА / САУДИСКА АРАБИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се очекува да отпатува за Саудиска Арабија во четврток, со цел подобрување на односите со сунитските власти кои беа влошени по убиството на критичарот на Ријад и саудиски новинар Џамал Кашоги во конзулатот на кралството во Истанбул во 2018 година.