Американскиот државен секретар Антони Блинкен денска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не покажал сериозност во врска со дипломатијата за да се стави крај на војната и покрај низата меѓународни напори.
„Досега не видовме знаци дека претседателот Путин е сериозен во врска со значајни преговори“, изјави денеска Блинкен пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.
Тој истакна дека во разговорите со Русија пред инвазијата на 24 февруари стана јасно дека поплаките на Путин за влезот на Украина во НАТО се само изговор за инвазијата.
„Притоа е јасно - според зборовите на самиот претседател Путин - дека никогаш не се работело за тоа дека Украина е потенцијално дел од НАТО и секогаш се работи за неговото верување дека Украина не заслужува да биде суверена, независна земја“, изјави Блинкен.
Борбите продолжија и денеска во источна Украина, каде што градот Кремина во областа Луганск, наводно, паднал во рацете на Русите. Борбите од улица до улица се водеа со денови во Кремина, а евакуацијата на цивилите беше оневозможена поради војната, објави британското Министерство за одбрана на Твитер на 26 април.
Во британскиот извештај се наведува дека се водат тешки борби во јужниот дел на градот Изиум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск во областа Доњецк.
„Украинските сили подготвуваа одбрана во Запорожје како подготовка за потенцијален руски напад од југ“, се додава во редовниот билтен.
Во него е посочено дека руските трупи најверојатно ќе се обидат да ги опколат силно утврдените позиции на украинската армија на исток.
Бајден именуваше амбасадор на САД во Украина
Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин изјави дека повеќе помош за Украина е на пат. Тој свика состанок на официјални претставници од околу 40 земји во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија и вети повеќе оружје за Украина.
Руските сили со напади во источна Украина, Мариупол под опсада
Остин ја посети Украина со Блинкен за време на викендот и најави дополнителни 700 милиони долари воена помош за Украина. Тој изјави дека Вашингтон сака да ја види „Русија ослабена до степен што не може да ги прави оние работи што ги направи со инвазијата на Украина. “, додавајќи дека Киев сè уште може да ја добие војната ако му се даде вистинската поддршка.
Русија ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје за Украина
САД испратија околу 4 милијарди долари воена помош од почетокот на мандатот на претседателот Џо Бајден минатата година, а веќе минатата недела објавија нов пакет помош од 800 милиони долари.