Албанските власти одлучија да ги укинат сите преостанати ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирусот во пресрет на летната сезона. Надлежните денеска соопштија дека мерките ќе бидат укинати на 1 мај.
Одлуката значи дека маските повеќе нема да бидат задолжителни во затворени простории, ноќните клубови повеќе нема да мора да се затвораат во 23 часот и повеќе нема да се бара доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест за влез во Албанија.
Властите ги повикаа жителите да продолжат да се вакцинираат против коронавирус, а оние над 60 години да примат четврта доза од вакцината.
Албанија пријави значително помалку нови инфекции во последните недели отколку порано.