Над 16 илјади исчезнати лица во војната во Украина

Илустрација

Повеќе од 16.000 луѓе во Украина се сметаат за исчезнати по руската инвазија, изјави Људмила Денисова, комесар за човекови права на украинскиот парламент.

„По бомбардирањето и уништувањето апсолутен приоритет е потрагата по исчезнати лица. Две илјади од исчезнатите се војници“, посочи Денисова.

Околу една четвртина од исчезнатите се цивили тоа од југоисточниот пристанишен град Мариупол, кој е под руска опсада од почетокот на март.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Од почетокот на војната, над седум милиони луѓе мораа да се преселат од нивните места на живеење, додека повеќе од пет милиони ја напуштија Украина.

Според податоците објавени од Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) на 20 април, над 5 милиони Украинци ја напуштиле земјата поради војната.

ОН соопштија дека 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца, бидејќи властите во Киев не дозволувале работоспособните мажи да ја напуштат земјата.

Полска, која прими околу 2,8 милиони бегалци, беше главна дестинација за оние што ја минуваат границата.