Претседателката Маја Санду изјави дека неколку наводни напади во отцепениот регион Трансдњестар во Молдавија, поддржан од Москва, се обид за ескалација на тензиите, обвинувајќи ги „провоените фракции“ ко се дел од администрацијата на територијата.
Санду во изјава за медиумите по состанокот на Врховниот совет за безбедност на Молдавија по тврдењата на властите во Трансдњестар дека две радио антени биле оштетени од експлозии и дека една воена единица била цел на напад на 26 април во услови на зголемени тензии во регионот кој се граничи со Украина.
Украинските контранапади го забавиле напредокот на руските сили во Донбас
Санду ги повика граѓаните да останат смирени и рече дека наредила засилени безбедносни мерки, вклучувајќи патроли и проверки на возила во Трансдњестар.
„Ги осудуваме какви било предизвици и обиди да се намами Република Молдавија во дејствија што би можеле да го загрозат мирот во земјата“, рече Санду.
Самонареченото Министерство за внатрешни работи на регионот соопшти дека двете радио антени биле оштетени од експлозии.
„Во раните утрински часови на 26 април, две експлозии се случија во селото Маиак, област Григориопол: првата во 6:40, а втората во 7:05 часот“, соопшти Министерството.
Во него се вели дека две радио антени биле исфрлени по експлозиите и дека нема ранети при нападот. Информациите не можеа да бидат независно проверени, а досега никој не презеде одговорност, и нема информации за жртви.
Русија сака целосна контрола врз Донбас
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека вестите од регионот се причина за сериозна загриженост.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Соединетите држави ја разгледуваат причината за нападите, но засега не се сигурни што стои зад нив.
Двата наводни инциденти се случија еден ден откако Министерството за државна безбедност на Трансдњестар соопшти дека неговата зграда во Тираспол, најголемиот град во регионот, наводно била погодена од експлозии кои ги оштетиле горните катови на зградата.
Трансдњестар е област која се наоѓа меѓу Молдавија и Украина, а прогласи независност во 1990 година. Во 1992 година, Молдавија и Трансдњестар водеа кратка војна која беше задушена од руските сили кои ги поддржаа сепаратистите. Во тој конфликт загинаа околу 1.000 луѓе.
Русија има околу 1.400 војници во Трансдњестар и има контрола над огромните магацини за оружје од времето на Советскиот Сојуз лоцирани во регионот.